Шест странски компании и два конзорциуми доставија понуди на тендерот што го распиша Македонски железници - Инфраструктура за избор на најповолен изведувач за реконструкција на делницата од Коридорот 8 помеѓу Куманово и Бељаковци во должина од 30 километри. Овие осум понудувачи ја поминаа првата прелиминаторна фаза и нивните понуди коишто вчера беа отворани во Македонски железници - Инфраструктура се движат од 41 милион евра најниската, до 58 милиони евра највисоката понудена цена. Грчката компанија "Актор" предложи оваа делница да ја изгради за 43.888.465,52 милиони евра. Конзорциумот предводен од австриски "Штрабак" понуди 42.373.896,78 евра. Германската компанија Вибе понуди 41.441.469,83 евра и за разлика од претходните две компании предложи дисконт од 1,7 милиони евра при што крајната цена изнесува 39.653.319 евра.
Шест странски компании и два конзорциуми доставија понуди на тендерот што го распиша Македонски железници - Инфраструктура за избор на најповолен изведувач за реконструкција на делницата од Коридорот 8 помеѓу Куманово и Бељаковци во должина од 30 километри.
Овие осум понудувачи ја поминаа првата прелиминаторна фаза и нивните понуди коишто вчера беа отворани во Македонски железници - Инфраструктура се движат од 41 милион евра најниската, до 58 милиони евра највисоката понудена цена.
Грчката компанија "Актор" предложи оваа делница да ја изгради за 43.888.465,52 милиони евра. Конзорциумот предводен од австриски "Штрабак" понуди 42.373.896,78 евра. Германската компанија Вибе понуди 41.441.469,83 евра и за разлика од претходните две компании предложи дисконт од 1,7 милиони евра при што крајната цена изнесува 39.653.319 евра. Грчката компанија "Терна", пак, за рехабилитација на овој дел од пругата кон Бугарија понуди 51.601.007,83 евра, а австриската понуда на конзорциумот предводен од "Пор" понуди 52.827.828,17 евра. Во трка за добивање на оваа делница е и кинеската "Синохидро" која предложи цена од 51.009.905,20 евра, но предложи и вкупен попуст на оваа цена од 2,3%. Понатаму во трка ќе биде и чешката "Субтера" која понуди 42.950.335,06 евра и дисконт на целата оваа сума од 3%. Највисока понуда од сите овие компании предложи турската "Ачилим" чија понуда е 58.319.595,21 евра и не определи попуст.
Претседателот на тендерската комисија Милан Јанкуловски, откако констатираше дека сите компании ги исполнуваат условите и обезбедиле банкарски гаранции во висина од 800.000 евра најави дека ќе следува евалуација на понудите и според планот до крајот на 2013 година да се потпише договорот со најповолниот понудувач. Рехабилитацијата физички треба да почне во март 2014 година и целосно треба да заврши во рок од три години, за што средствата ќе ги обезбеди Европската банка за обнова и развој во висина од 45,58 милиони евра. Рехабилитацијата ќе се состои во поставување нови шини и прагови, изработка на 8 мостови од кои најголемиот е со должина од 120 метри, изградба на три станични згради и три згради за сместување на постојките за регулирање на сообраќајот, како и поставување на напојувачка, телекомуникациска и сигнално-сигурносна опрема. Проектираната брзина на пругата ќе биде 100 до 120 километри на час. За комплетирање на железничкото поврзување со Бугарија остануваат да се доизградат две делници и тоа од Бељаковци до Крива Паланка во должина од 36 километри и од Крива Паланка до Деве Баир долга 23 километри за што се подготвува техничка документација.